По повеќегодишна медиумска пауза, познатата и популарна македонска поп пејачка Елена Ристеска со песната „Ме боли за се“ се врати на македонската музичка сцена. Таа оваа песна ја изведе на неодамнешното 39-то фестивалско издание на „Макфест“ и како и секогаш, и овој пат доби огромен аплауз како и големо медиумско внимание.
Музиката, аранжманот и продукцијата на песната се на Александар Масевски. А текстот е напишан од Масевски и Ристеска. Видеоспотот пак, е во продукција на Сустеин Продукција, а зад камерата седеа Даниел Јовески и Били Д. Во видеоспотот се појавува познатиот македонски актер Игор Стојчевски.
Во продолжение, со задоволство Ви предлагаме да го погледнете видеото за нејзината најнова песна „Ме боли за се“.
