Во прв ред

Голем Tribute концерт на 4-ти декември посветен на големата македонска музичка легенда Гоце Арнаудов (Фото)

Како што ексклузивно дознава музичкиот портал Музика24.мк, во организација на маркетинг агенцијата Infinity Pro на 4-ти декември 2024 година ќе се одржи голем Tribute концерт посветен на големата струмичката и македонска музичка легенда Гоце Арнаудов.

„Со нотите од неговите мелодии, ќе се присетиме на најголемите хитови испеани од златното грло на “македонскиот Мик Џегер”, велат организаторите кои воедно Ве покануваат на концертот која што е во негова чест за сите да оддадеме почит кон неговиот лик и дела, кои несомнено беа огромни за македонското музичко поднебје.

На концертот ќе настапат најголемите македонски музички имиња, неговите колеги како од народната, така и од забавната музичка сцена кои ќе пеат негови песни во негова чест. Тука ќе ги споменеме: Александра Јанева, Ламбе Алабаковски, Миле Кузмановски, Јоца Панов, Елена Велевска, Огнен Здравковски… како и многу други познати македонски музички имиња.

Концертот ќе се одржи на 4-ти декември во Дом на култура “Антон Панов” во Струмица со почеток во 19 часот. Водител на концертот е Миро Кацаров. Влезници за концертот во претпродажба на билетара на Домот на култура (секој работен ден од 08:00 до 15:00) по цена од 350ден.

А како што велат самите организатори, дел од собраните средства ќе бидат донирани во “Фондација Арнаудови”. Со самото тоа, концертот ќе има хуманитарна нота.

Можеби ќе ве интересира: