Роден е 2005-та и живее во Штип. Извесен период се занимава со музика и вели дека David Black е неговиот музички идол и човекот кој што му помогнал денес да е тоа што е. Станува збор за младиот и надежен Мануел Николов попознат како N I K Ø.

Тој за својата прва песна „Мамо“ вели:
„Зад оваа моја песна стои многу тажна приказна. Песната „Мамо“ е инспирирана и посветена на мојата мајка која што е најхрабрата личност во мојот живот и која што досега има направено многу работи за мене. Со оваа песна сакам барем малку да и се оддолжам и да и вратам за се. Песната е снимена во еден ден од страна на David Black и истата е прикачена на сите музички платформи“, вели тој за музичкиот портал Музика24.
А да разберете точно за што станува збор, со задоволство Ви препорачуваме да ја слушнете оваа тажна балада од N I K Ø.
