Во прв ред

На 10-ти декември голем концерт на Мухамед Ибрахими, Бобан Мирковски, Ратко Даутовски и Фјола Исмаили

На 10-ти декември, во малата сала на Македонската филхармонија, ќе се одржи уникатен предновогодишен концерт кој ги обединува звуците на четворица исклучителни музичари. Оваа вечер ќе биде посветена на уживање во магијата на различни инструменти и стилови.

На сцената ќе настапат: гитата – Мухамед Ибрахими, пијано – Бобан Мирковски, перкусии – Ратко Даутовски и чело – Фјола Исмаили.

Не заборавајте, 10-ти декември во Македонската филхармонија со почеток во 20 часот. Не пропуштајте го овој специјален настан што ќе го разубави предновогодишниот период и ќе внесе празнично расположение.

Можеби ќе ве интересира: