Македонската поп-рок група Blue Sky неодамна го збогати својот музички репертоар со две нови песни, кои ги претставија заедно со видео материјали. Првата песна, насловена „Вистина“, беше промовирана со впечатлив видео спот, снимен и режиран од талентираниот Слободан Ѓорѓиев. Спотот ги води гледачите низ емотивна приказна која совршено ја надополнува музиката.
Втората песна пак, баладата насловена „Љубов за нас“, доби своја видео лирик верзија која ги истакнува моќните стихови и мелодијата.
Групата Blue Sky редовно настапува низ македонските кафулиња, создавајќи неповторлива атмосфера за својата публика. Доколку сакате да бидете дел од нивните настапи, посетете ја нивната официјална Фејсбук фан страна: Blue Sky, каде што ќе бидете во тек со сите ново закажани свирки и настани. Не ја пропуштајте можноста да ги слушнете нивните старо-нови хитови и останатиот музички репертоар во нивна оргинална изведба!
Инаку, и за двете нови песни, комплетни автори се членовите на групата, кои повторно ја демонстрираа својата креативност и музичка зрелост. Со овие изданија, Blue Sky уште еднаш ја потврди својата посветеност кон македонската музичка сцена.
