Магазин

Наскоро подкаст со Антонио Димитриевски „Ништо лично“ – местото каде што ѕвездите ќе ја отвораат својата душа

Дали сте подготвени за средби кои ги рушат границите на секојдневното? На местото каде што естрадните и политичките ѕвезди ќе ги откријат своите вистински приказни? „Ништо лично“ е новиот, ексклузивен поткаст на Антонио Димитриевски, кој ќе ја смени вашата перцепција за јавните личности!

Секоја среда во 20:00 часот на YouTube каналот на KurirMK, ќе имате можност да ги видите вашите омилени ѕвезди во сосема поинакво светло. Без маски, без табуа – искрено, директно и од срце. Ќе слушнете за нивните најголеми предизвици, победи, тајни и сништа, како и за приказните што никогаш порано не сте ги чуле.

Антонио Димитриевски, со својот уникатен стил на водење, ќе ги поставува прашањата што сите сакаме да ги слушнеме, но никој досега не се осмелил да ги постави. Тука нема кавги, нема непријатности – само искрен разговор, како помеѓу стари пријатели. Без разлика дали станува збор за музички легенди, млади таленти, политичари или други познати личности, „Ништо лично“ е вашето место за нова перспектива.

Не пропуштајте да бидете дел од ова искуство што ќе ве натера да се насмеете, да се замислите и да почувствувате блискост со луѓето што ги гледате на големите сцени или од политичките трибини.

„Ништо лично“ – таму каде што приказните започнуваат, а вистината се открива.

Секоја среда од 20:00 часот на YouTube каналот на KurirMK – приклучете се и откријте што значи да се „отвори душата“!

Можеби ќе ве интересира: