Во прв ред

Здравко Чолиќ со втор концерт во Скопје – Музичка магија со новосадскиот симфониски оркестар (Фото)

Музичката легенда Здравко Чолиќ, по шестгодишна пауза, се враќа на скопската сцена и тоа на голема врата! По огромниот интерес за првиот концерт на 18 март, кој беше распродаден само за една недела, организаторите објавија уште еден концерт. Вториот настап ќе се одржи на 19 март 2024 година во салата „Борис Трајковски“.

Овој пат Чолиќ ќе ја воодушеви публиката со уникатна музичка авантура, изведувајќи ги своите најголеми хитови во сосема ново руво – со симфониски оркестар составен од 50 врвни музичари. Оркестарот го сочинуваат членови на Биг бендот од Нови Сад и оркестарот на Операта на Српскиот народен театар, а зад новите аранжмани стои познатиот диригент Федор Вртачник.

Оваа уникатна турнеја веќе ги освои срцата на љубителите на музиката во Љубљана, Бања Лука, Пула, Риека, Загреб и на престижни рок фестивали во Србија. Сега, редот е на скопската публика да ужива во незаборавниот спој на поп-хитовите на Чолиќ и магијата на симфонискиот звук.

Билетите за вториот концерт се достапни преку „Мктикетс“. Не пропуштајте ја оваа музичка вечер за паметење – Здравко Чолиќ и симфониски оркестар во Скопје!

Можеби ќе ве интересира: