Музика на кирилица

Концертот на Владо Јаневски презакажан за напролет

Продукцијата Авалон информира дека планираниот концерт на Владо Јаневски, кој требаше да се одржи на 27 декември во СЦ „Јане Сандански“, ќе биде презакажан за периодот март – април 2025 година.

„Ве информираме дека поради вчерашна, новонастаната здравствена состојба на Владо Јаневски, после која нема 100 процентна сигурност дека ќе биде способен да го одржи закажаниот концерт на 27 декември, како и други одредени технички причини кои ги има овој проект во моментов, заедно со Владо донесовме одлука концертот да се одржи во период март – април 2025“, стои во соопштението од „Авалон“.

Точниот датум за концертот ќе биде објавен после Нова година. Досега купените влезници нема да важат за концертот кој ќе се одржи напролет, а средствата ќе бидат рефундирани од сервисот каде што се купени.

Можеби ќе ве интересира: