Во прв ред

Аца Лукас заедно со Мира Шкориќ на спектакуларниот пред-новогодишен концерт во Скопје

Аца Лукас, една од најголемите балкански и регионални ѕвезди веќе наголемо се подготвува за скопскиот спектакл закажан за 25 декември во салата „Борис Трајковки“. Опремата за концертот веќе е во Македонија, а како што најавуваат од продукцијата која што е задолжена за настанот, Аца Лукас покрај големиот бенд и гостите, најавува и најсофистицирана аудио и видео опрема која ќе го надополни пред-новогодишниот амбиент.

Она што е ново, Аца Лукас на социјалните мрежи веќе ја објави неговата специјална гостинка, Мира Шкориќ која што заедно со него ветуваат мега забава и предновогодишно загревање.

„Со Мира ќе биде лудо. Многу се радувам што доаѓа во Скопје, затоа што ќе биде вистинска забава. Кој ја слушнал знае, плус со мене тоа е веќе нешто за што ќе се зборува. Жал ми е што неможе да ме придружува на секој концерт, ама еве за Скопје ми се посреќи и едвај чекам да дојде 25 декември“, изјави Лукас.

Тој пред македонската публика ќе ги отпее добро познатите хитови, но ќе ги изведе и новите песни кој секоја недела ги промовира по објавувањето на филмот „Покидан“, а кои се во функција на загревање на предновогодишните празници.

Целиот концерт е замислен како предновогодишна забава, а на располагање се вип карти и билети за следење на спектаклот кои веќе можат да се набават преку продажната мрежа на МК Тикетс.

Можеби ќе ве интересира: