На само 10 дена сме од прагот на Новата 2025 година, па сите се прашуваме кој музички имиња ќе ги забавуваат граѓаните во градовите низ целава држава?
Од Општина Прилеп денеска објавија дека за новогодишната ноќ прилепчани ќе ги забавуваат едно од најпознатите диџеј-и во Македонија „Сирилик“, потоа музичката програма во центарот на Прилеп ќе продолжи со Балканика бенд и Сашо Башески кој се прослави благодарение на учеството во едно од најгледаните музички тв-формати на балканот „Никогаш не е доцна“. Како што велат од Општина Прилеп вечерната програма за дочекот на Новата 2025 година во Прилеп е со почеток од 22 часот и истата е со локација на прилепскиот плоштад „Александрија“.
Од општината исто така не известуваат дека забава ќе има и за најмладите, односно на 31.12.2024 година точно напладне на Камената бина во центарот на Прилеп ќе се одржи музичкиот детски фестивал „Весели Ѕвончиња by Jana“.
Градоначаланикот на Општина Прилеп, Борче Јовчески ги повика прилепчани заедно да ја испратат 2024 година, и заедно да ја дочекаат Новата 2025 година со многу музика, радост, љубов и со убави желби.
Подготви: Христијан Ангелески
