Премиера

„Оваа песна не знаев да ја напишам“ – Емоција преточена во музика (Видео)

Познатиот пејач Брејк, по подолга музичка пауза, се враќа со нов проект кој ја освојува публиката – предновогодишната балада „Оваа песна не знаев да ја напишам“.

Музиката за песната е дело на Никола Перевски, член на легендарната македонска група Нокаут, додека текстот е плод на соработката меѓу Игор Џамбазов, Никола Перевски и самиот Брејк. Оваа искрена и емоционална песна допира до срцето на слушателот, носејќи порака која секој може да ја почувствува.

Видео спотот, пак, е вистинско визуелно уживање. Снимен во Драмскиот театар во Скопје, под режисерската палка на Милчо Узунов и продукцијата на 3D Project Studio, тој совршено ја доловува атмосферата на песната.

Оваа баладa зборува за лична приказна, за емоции кои не можат да се опишат со зборови, туку само со музика. Песната носи посебна порака и е посветена на сите оние моменти кога зборовите не се доволни.

Погледнете го спотот и уживајте во магијата на ова уметничко дело!

BREJK - Ovaa pesna ne znaev da ja napisam  (Official Video)

Можеби ќе ве интересира: