Претстојниот викенд, Берово ќе заблеска со празнична магија благодарение на Новогодишниот базар и концерт, организирани од Здружението на угостители и туристички работници „Малешевски Еснафи“ и неформалното тело „Колеџ на заедницата“, со поддршка од Општина Берово.
Што треба да очекувате? Па се разбира, многу забава, разнична атмосфера, локални производи и изненадувања за сите генерации.
Програмата започнува денес, 27-ми декември 2024 година и тоа по следниот распоред:
14:45 ч. – Свечено отворање на Новогодишниот базар,
15:00 ч. – Артистот Дарко Ѓурчиновски ќе ги забавува најмладите и
16:00 ч. – Пристигнување на Дедо Мраз и поделба на новогодишни пакетчиња.
Утре пак, 28-ми декември сабота, од 15 часот свој настап ќе имаат учениците од “Узун”, под менторство на Жаклина Узунова. Во 19 часот Бизнис Инкубаторот ќе биде домаќин на незаборавна музичка вечер со предгрупата “Трета Смена” и главниот изведувач Павле Камиловски. Влезниците за овој концерт чинат само 300 денари, а верувајте ќе поминете прекрасно, незаборавно и предновогодишно. Резервациите можете да ги направите на следниве телефонски броеви, но запомнете, истите се ограничени: 078 234 723 / 077 725 712.
И двете вечери на главниот центарален плоштад во Берово „Димитар Беровски“ за присутните ќе има изложено топли пијалоци (греано вино, чај, џин, ракија, рум), Локални млечни производи и рачно изработени сувенири како и уреди за затоплување за пријатна атмосфера.
Инаку, овогодинешниот Новогодишен базар и концерт се иницијатива на Драгана Брашнарски, Александар Брашнарски и Игор Димовски, создадени со цел да внесат живот, радост и заедништво во Берово. Настанот има за цел да ја збогати празничната атмосфера и да го поттикне локалниот развој, истовремено привлекувајќи гости од соседните општини.
Дојдете, уживајте и станете дел од празничната магија на Берово!
