Магазин

Отец Пимен во „Нешто Конкретно“: Искушенијата постојат да не зајакнат, а не да не ослабат (Видео)

Помеѓу Ресен и Малме каде му е седиштето на Митрополтот европски Пимен, тој го одбира својот Роден град, но не е поборник на она „Туѓината пуста да остане“, бидејќи така тој би останал без работа. Помеѓу Супермен и Тарзан го бира Тарзан зошто сепак верува во моќта на човекот, но сепак вели чудно е вели како современит човек денес се склон да верува во разноразни терии, како дека не прскаат и чипираат, кои дури и во минатото звучат смешно.

Ова е дел од разговорот во „Нешто Конкретно“ каде водителката Снеже Велков излезе од концептот за да еден час поразговара со Отецот Пимен. Нејзината најава го обрна внимението на лажната религиозност и лажната добрина па така во најавата кажа:

„Оваа епизода е за сите оние кои наутро се крстат и бакнуваат икони а попладне плукаат и понижуваат се живо и диво на социјалните мрежи. За оние кои се воздржуваат од масна храна ама не и од озборување, понижување и сопнување на другите…“.

На прашањето пак човекот кој верува во Бога значи дека е и добар човек, Отецот одговори дека склони сме да веруваме дека религиозните луѓе се и добри луѓе, но однесувањето е тоа кое ги издава па сфаќате дека се е само наметка под која се кријат. За денените генерации и денешниот начин на воспитивање, за воениот рок, за кршењето на правилата и за тоа од какви луѓе треба да бегаме погледајте ја емисијата подолу:

Владика Пимен-Божиќно издание Нешто Конкретно/Nesto Konkretno S04 EP10

Можеби ќе ве интересира: