Магазин

Погледнете како изгледала пејачката Бранка Соврлиќ во младоста (Фото)

Од кога се појави на музичката јавна сцена, пејачката Бранка Соврлиќ го носи епитетот за една од најубавите пејачки за просторот на поранешна Југославија.

Имено, Соврлиќ пред некое време гостуваше во емисијата „Гранд Специјал“ во која што прокоментира некои нејзини фотографии, кои се нашле како обвивки на плочата која што Соврлиќ ја снимила во тоа време.

Имено, како тогаш така и сега Соврлиќ е една од најубаво стилизираните пејачки на балканските простори, а Соврлиќ знае како да ги изнесе модните додатоци и комбинации на прав начин.

„Секогаш сум била во тренд, еве црвена јакна покрај мене, и секогаш сум имала нешто посебно. Мислам дека порано имав поубава гардероба“, рече Соврлиќ во емисијата „Гранд Специјал“ и додаде дека сините шорцеви секогаш ги носела и следела мода.

„Сините шорцеви секогаш ги носев и ја следев модата. Тогаш имав десет килограми помалку од сега“, додава Соврлиќ.

Подготви: Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: