Популарниот македонски пејач Јоце Панов ќе го одржи својот прв солистички концерт во Скопје на 8-ми март, по повод Меѓународниот ден на жените. Концертот ќе се одржи во Македонската филхармонијата со почеток во 20 часот и е замислен како прослава на неговите 25 години успешна музичка кариера.
„По повод 25 години кариера одлучив да ѝ се одолжам на мојата публика, на сите оние кои ме поддржуваат и повеќе од две децении се присутни на моите настапи. Во секоја песна оставам дел од мојата душа. Љубовта која ја добивам од публиката е мојот извор на енергија и мотивација за секој следен проект”, изјави Панов.
Првиот солистички концерт во Македонија Панов го одржа во родниот Штип во 2007 година. Од тогаш па до денес, тој има објавено повеќе од 50 песни и има голема база на обожаватели низ целата земја. На концертот, кој е посветен на женската публика, Панов ќе настапи со оркестар, а сцената ќе биде украсена со рози. Билетите за настанот се достапни преку мрежата на Мк тикетс.
