Скопје ќе биде сведок на незаборавна ноќ исполнета со музиката на легендарниот бенд Нирвана! Европскиот трибјут бенд, „Marigold Box”, кој доаѓа од Бергамо, Италија, ќе настапи во Клуб „Минус Еден” на 22 февруари во 20:30 часот.
Познати по својата верност кон оригиналниот звук на Нирвана, „Marigold Box” ги оживува култните песни на Курт Кобејн без костими или перики – само со автентичната енергија и страст што ја дефинираше музиката на Сиетлската легенда.
Овој бенд е еден од најдобрите Nirvana трибјут бендови во Европа и нивниот настап во Скопје е дел од турнејата што ќе ги однесе на најважниот трибјут фестивал во Германија – Thunder Rail Festival, како и во престижни клубови низ Швајцарија, Србија и Италија.

Не пропуштајте ја оваа можност да доживеете вистинско музичко патување во живо, посветено на Курт Кобејн и Нирвана. Билетите по промотивна цена можете да ги набавите на www.drugastrana.mk.
