Грчкиот рок бенд „1000модс“ повторно ќе ги раздрма македонските фанови со концерт во Скопје, кој ќе се одржи на 2 мај во Младински културен центар. Настанот, во организација на „Пасворд продукција“, е дел од нивната регионална турнеја „Cheat Death All Over the Balkans“.
Турнејата го промовира нивниот најнов, петти студиски албум „Cheat Death“, кој беше објавен пред два месеца. Овој проект претставува ново поглавје за „1000модс“, кои со својата уникатна комбинација од стонер рок, психоделичен рок и хеви метал продолжуваат да освојуваат фанови на меѓународната сцена.
Бендот, кој досега има изградено статус на еден од најуспешните рок состави во Грција, веќе добро е познат на македонската публика. Нивниот прв настап во МКЦ пред неколку години беше пречекан со одлични реакции, а сега повторно се враќаат со уште поголема енергија и нов материјал.
Билетите за концертот се пуштени во продажба, со почетна цена од 700 денари. Следната фаза ќе биде 800 денари, додека на самиот ден на настанот картите ќе чинат 1.000 денари. Ова е ретка можност за љубителите на квалитетниот рок звук да уживаат во живо во настапот на „1000модс“ и нивниот моќен, енергичен перформанс.
