Магазин

„Стереолаб“ стартува со забава во клуб „Лабораториум“ на 14 февруари

Со енергична забава во скопскиот клуб „Лабораториум“, на 14 февруари ќе биде промовирано новото онлајн радио „Стереолаб“. Настанот, кој започнува во 21 часот, ќе донесе уникатна комбинација од настапи во живо на бендови, соло артисти и диџеи, создавајќи вистински музички спектакл.

На сцената ќе настапат Глигор Кондовски, „Алембик“, Јоана, „Стој, после!“, „Вагина корпорација“, Огнен Златанов, „Светлост“ и Лепи Џони, додека за диџеј сетовите ќе се погрижат М.И.К. и Дарко Јорданов.

Специјалитет на вечерта ќе бидат композициите што првпат ќе бидат изведени во живо, а истите се дел од компилацијата „10 години љубов“, првото издание на дискографската куќа „Скопска секта“.

Влезниците чинат 100 денари, а сите љубители на добрата музика и вистинската енергија се поканети да бидат дел од ова музичко патување!

Можеби ќе ве интересира: