Магазин

Вечер посветена на Орце Зафировски – музички времеплов што не се пропушта! (Видео)

Денес музичкото шоу „На здравје“ ќе биде во чест на човекот чии стихови ги пееме со срце – Орце Зафировски. Подгответе се за вистински времеплов низ неговите најголеми хитови, песни кои оставиле неизбришлив белег во македонската музика.

Ќе ги слушнеме незаборавните „Дојди Лено на перниче бело“, „Кој не раздели“, „Запри запри виолино“, „Весела свекрва“ и, се разбира, енергичниот хит „Бум Бум“, кој никого не остава рамнодушен. На сцената ќе настапат врвни изведувачи: Група Круна, Џени Окело, Анета Љумаковска (Молика), Мишко Крстевски, Чеде Спасиќ, Кате Брезева (Соната), Сандра Милковска, Група Оскар и уште многу други.

А како најголемо изненадување во оваа епизода од „На здравје“ ќе биде самиот Орце Зафирковски кој ќе биде дел од шоуто.

Не пропуштајте – денес недела во 16:15 на националната Алфа телевизија и во 20 часот на музичката Балкан Мјузик! Подгответе се за вечер исполнета со музика, емоции и незаборавна забава!

NAJAVA NA ZDRAVJE EMISIJA 20

Можеби ќе ве интересира: