Музика на кирилица

По повод големата трагедија во Кочани на јавноста и се обрати Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Претседатеката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова пред околу половина час се обрати до македонските граѓани, а обраќањето таа го направи од вила Водно. Сиљановска-Давкова вели дека не сме сами и дека никогаш нема да се заборави добродетелскиот чин на соседните држави и државите од Европа.

„Знам и чувствувам дека не сме сами, бидејќи веднаш се огласија не само соседните, туку и подалечните држави. Најтешко повредените се транспортираат на специјализираните клиники во Бугарија, Србија, Грција и Турција, заради добивање на врна медицинска нега и интервенција. Добрите луѓе од целиот регион, Европа и светот се’ заедно со нас. Никогаш нема да го заборавиме овој добродетелски чин, и вечно ќе им бидеме благодарни“, вели Сиљановска-Давкова. Сиљановска-Давкова во говорот додава и дека ниту еден одговорен не смее да го избегне правото, правдата и казната.

„Почитуавни граѓани не смее да функционира ниту една дејност и активност. Ниту еден одговорен не смее да ги избегне правото, правдата и казната. Да не ја сквернавиме невината жртва на погинатите. Да ги здружиме силите околу преживеаните и да не дозволиме никој повеќе да ги загрозува животите на невините луѓе“, додава Силановска-Давкова.

Подготви:Христијан Ангелески

Можеби ќе ве интересира: