Во овие тешки моменти за нашата нација, со најдлабоко сочувство кон семејствата на настраданите во трагедијата што ја потресе Македонија, повеќе музички настани се откажани или одложени.
Групата Фолтин ги откажува своите концерти во Софија (21 март) и Благоевград (22 март). Членовите на бендот изразуваат искрено сочувство кон сите погодени од оваа несреќа.
Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) соопшти дека концертите во рамките на фестивалот Денови на македонска музика, кој требаше да започне на 17 март, нема да се одржат. Нови информации во врска со програмата ќе бидат дополнително објавени.
Авалон продукција исто така известува дека сите настани во нивна организација во наредните седум дена се одложуваат, вклучувајќи ги:
- Концертот во Македонска филхармонија (понеделник)
- Концертот во Центар за култура – Битола (среда)
- Концертот во СЦ „Јане Сандански“ (сабота)
Во овој момент, најважна е поддршката, солидарноста и почитта кон сите погодени од оваа трагедија.
