Фестивали

Правнуката на Лав Толстој, Викторија Толстој и Јакоб Карлсон трио – џез спектакл на „Нишвил“ (Видео)

Една од најдобрите џез-пејачки во светски рамки, шведската вокалистка со руско потекло Викторија Толстој, ќе настапи на престојниот „Нишвил 2025“ заедно со триото на познатиот шведски пијанист Јакоб Карлсон. Концертот е закажан за сабота, 16-ти август, а публиката ќе има уникатна можност да ужива во нивниот елегантен и емотивен музички израз.

Иако потекнува од славната лоза на рускиот писател Лав Толстој, во нејзината официјална биографија тоа е само дел од „тривијалностите“. Викторија зад себе има 14 соло албуми и соработки со бројни светски музички имиња, меѓу кои се Нилс Ландгрен, Пет Метини, Реј Браун, Тутс Тилеманс и многу други. Познатиот џез-тромбонист Ландгрен, кој е нејзин долгогодишен соработник и пријател, вели:

“Викторија е природен талент. Не ѝ треба многу објаснување кога се работи на нови песни. Нејзината изведба е спонтана, а нејзиниот осмех може да стопи глечери”.

Viktoria Tolstoy - Red Rain (Live "Moraeus Med Mera")

На „Нишвил“, таа и Карлсон трио ќе го претстават својот заеднички албум „A Moment of Now“, каде што на свој препознатлив начин ги преработуваат класиците од Кол Портер, Пет Метини, Џо Завинул, како и легендарни поп и рок хитови од Стиви Вондер, Питер Габриел, Фил Колинс, Аланис Морисет и Марк Кинг. Еден од највпечатливите моменти ќе биде изведбата на „Lessons in Love“, која публиката ќе ја слушне два пати – првиот пат во оригинал од Level 42 на отворањето на 14 август, а вториот пат во интимна, џез-верзија на Викторија и Јакоб на 16 август.

Ова ветува незаборавно џез доживување на сцената на „Нишвил“!

Можеби ќе ве интересира: