Фестивали

Започнува одбројувањето до 38-то издание на Фолк Фест Валандово (Фото)

Градот Валандово и оваа година ќе биде центарот на македонската фолк музика. На 25-ти мај (недела) ќе се одржи 38-то издание на еден од најзначајните музички настани кај нас – фестивалот на новосоздадени македонски песни, Фолк Фест Валандово 2025.

Во рамки на фестивалската вечер, публиката ќе има можност да ужива во 22 нови фолк композиции, создадени со љубов кон традицијата и инспирирани од македонскиот дух. Фестивалот и оваа година ја продолжува својата мисија за негување и промовирање на автентичната македонска музичка ризница.

Како најава за главната вечер, на 23-ти и 24-ти мај, на градскиот плоштад во Валандово ќе се одржат концерти на реномирани изведувачи од македонската фолк и забавна сцена. Со овие настани, градот ќе пулсира во ритамот на музиката, создавајќи незаборавна фестивалска атмосфера уште пред официјалниот почеток на натпреварувачката програма.

Организаторите најавуваат богата содржина, специјални настапи и изненадувања кои ќе ја збогатат годинешната манифестација. Повеќе информации за учесниците, специјалните гости, програмските новитети и деталите за фестивалската вечер ќе бидат објавени на прес-конференцијата што ќе се одржи на 7-ми мај во Валандово.

Фолк Фест Валандово, кој повеќе од три децении е чувар на македонската музичка традиција, и оваа година ќе понуди нова генерација песни што ќе остават траен белег на домашната естрадна сцена.

Валандово ве повикува – таму каде што песната никогаш не замолчува!

Можеби ќе ве интересира: