Среда, ден за студентска забава… Изборот падна на клуб Мистик. Гостинот прекрасен, миленик на понежниот пол, кој друг, ако не ексклузивецот на План Б продукција, Ламбе. Но не беше сам, овој пат го пратеше бенд. Замислата беше добра и професионална, каде Ламбе изгледаше ѕвезда од светски калибар. Исчекувањето траеше предолго… се до 2 часот каде конечно гостинот се појави на сцената и започна со пеење, промовирајќи ја својата нова песна “Земи се”, за која има прекрасен спот.
Освен новите песни, не потсети и на неговите стари и добро познати хитови, кои ја загреаа атмосферата. Во продолжение преку мала фото галерија ќе Ви ја доловиме атмосферата.
ПС: Голема Благодарност до порталот Vo Stip
Подготви: Сања Неткова








