Премиера

По години чекање, музиката победува: Данче Ташевска ја следи својата судбина (Фото)

Додека многумина ги остваруваат соништата во младоста, некои сонуваат поупорно и подлабоко – сè додека не дојде моментот кога сонот сам си го пробие патот. Токму таква е приказната на Данче Ташевска – 39-годишна Македонка од Ротердам, која со срце полно музика конечно решава да направи храбар чекор и да ѝ се посвети на својата најголема љубов: музиката и пеењето.

Иако животот ја водел по други патеки – семејство, други професии, обврски – музиката никогаш не исчезнала од нејзиното срце.

„Целиот живот ја носев во себе таа желба. Како мала со душа го чекав училишниот хор, музиката ми беше бегство, спас и иднина во едно. Но некогаш животот те става на пауза… до моментот кога ќе пукне балонот“, искрено споделува Данче.

Во новата фаза од животот, таа сериозно се посветува на соло пеењето – подготвена да зема часови и да работи на сериозни музички проекти, без разлика на далечината или временските зони. Со силна поддршка од сопругот и блиската пријателка и соработнича DJ Бици (Зона М1 радио), Данче го гради својот пат со љубов и истрајност.

Нејзината прва песна – само една минута долго музичко парче – стана вистински хит на скопското радио Зона М1, што дополнително ѝ даде сила и верба. Сега подготвува нешто уште посериозно: нов дует со младиот и талентиран музичар Давид Блек, кој го најавува како емотивна балада што ќе го допре секое срце. Песната е во фаза на микс и мастеринг, а наскоро новата песна ќе биде достапна на сите дигитални платформи.

Во свет каде што музиката често се гледа како трка со време, Данче е доказ дека кога нешто навистина го сакаш – времето работи за тебе.

Можеби ќе ве интересира: