Фестивали

Новиот сингл на Бурјана е вистински „магнет“ за летни хитови (Видео)

Словенечката пејачка Бурјана со полна сила се враќа на сцената – и тоа на најдобар можен начин: со новиот сингл „Magnet za probleme“ кој ќе го изведе премиерно на претстојниот CMC Festival во Водици.

Овој модерен поп хит, збогатен со балкански шмек, веднаш привлекува внимание. Со заразен рефрен, динамична продукција и харизматичен вокал, Бурјана уште еднаш потврдува дека знае како да ја освои публиката. Под продукциска палка на Тони Чосиќ, песната добива актуелен и радио-френдли звук, а текстот и музиката ги потпишуваат Фајо и Лука Ковачиќ.

BURJANA – MAGNET ZA PROBLEME | Official Video 2025

„Песната ја чувствувам во сино – тоа е бојата на слобода, море и небо“, изјавува Бурјана, додавајќи дека „Magnet za probleme“ е химна за сите оние кои без страв го живеат својот живот, дури и ако тоа значи дека проблемите сами ќе ве најдат. Спотот, режиран од Рок Мавер, визуелно ја надополнува енергијата на песната, а соучество земале бројни музичари кои придонеле со живи инструменти и пратечки вокали, давајќи ѝ длабочина и свежина.

Очекувањата се големи, а Бурјана е подготвена да ги надмине – со глас, со став и со песна која веќе станува магнет за публиката.

Можеби ќе ве интересира: