Фестивали

Емоција, ритам и вистина: Жанамари ја претставува „Lagala“ на CMC Festival (Аудио)

Летото започнува со силен музички бран – Loud Digital со гордост го претставува новиот сингл „Lagala“ на Жанамари, во соработка со Gidra (Connect) и Марко Ласиќ Неред. Овa трио ни носи вистинска R&B свежина, инспирирана од корените на Жанамари, каде започна нејзината музичка приказна.

Песната „Lagala“ е современ спој на емоционален вокал, заводливи ритми и урбан стил. Таа говори за љубов, искреност и болка – со реалноста која понекогаш боли, но звучи совршено во музичка форма. Во срцето на композицијата се чувствува баланс меѓу страст и меланхолија, што го прави ова парче идеално за летните ноќи.

Gidra и Неред, двајца добро познати гласови на хрватската урбана сцена, ја дополнуваат Жанамари со силен став и одлична енергија, создавајќи песна што ќе допре различни генерации слушатели.

LAGALA (feat. GIDRA, Nered)

„Оваа песна ни значи многу – и како уметници и како луѓе. Се надеваме дека публиката ќе ужива во неа исто толку колку што ние уживавме додека ја создававме“, вели Жанамари во пресрет на настапот на CMC Festival, каде „Lagala“ ќе биде премиерно изведена во живо.

Со ова ново издание, Жанамари го отвора ново поглавје во својата кариера, враќајќи се на звуците што ја дефинирале на почетокот, но со модерен и зрел израз што ветува да остави силен печат ова лето.

Можеби ќе ве интересира: