Во прв ред

Магичната ноќ повторно се случува – Amira Medunjanin во Белград на 22. ноември (Фото)

Светски признатата уметница и амбасадор на севдахот, Amira Medunjanin, повторно ќе настапи во Сава Центар, Белград, на 22. ноември, во организација на продукциската куќа Long Play. Овој концерт доаѓа точно една година по нејзиниот емотивен настап на истата сцена, кога го претстави својот актуелен албум “Homeland”.

Албумот, кој сега доживеа и своја винилна верзија (во издание на Universal и Long Play), е првото студиско дело на Амра составено целосно од авторски песни. Песните „Alma“, „Pjesmom gradim mostove“, „Eh, da mi je“ и другите веќе станаа нови омилени бисери во нејзиниот репертоар, кои публиката ги доживува со иста сила како и нејзините добро познати изведби на традиционалната музика.

Како и секогаш, сет-листата ќе биде внимателно осмислена, а публиката може да очекува и нејзини автентични интерпретации на песни од поп и рок иконите од регионот: „Ako znaš bilo što“ (Azra), „Teške boje“ (Goran Bare i Majke), „Dušo moja“ (Kemal Monteno), „Od druga do druga“ (Miladin Šobić) – изведби кои Amira ги прави на свој начин, со длабочина и емоција што ја одвојува од сите други.

„Искрено се радувам што повторно ќе се дружиме на 22. ноември. Претходниот настап беше магичен – се надевам дека и овој пат ќе биде така. Среќна сум што ќе ја промовирам винилната верзија на ‘Homeland’ и што ќе продолжиме таму каде што застанавме. Ви се радувам, драги луѓе!“, вели Amira.

Билетите се во продажба преку Tickets.rs

Можеби ќе ве интересира: