По Чешка, Словачка, Кипар, Хрватска, Србија… и соседна Бугарија најави дека следната година нема да учествува на големото глобално тв шоу наречено Евровизија. Од Бугарската национална телевизија БНТ соопштуваат дека нивното отсуство на Евровизија 2014 е поради проблеми со финансирање на проектот.
“Поради цената на чинењето на проектот и буџетските кастрења во следната година, БНТ реши да се откаже од музичкото натпреварување Евросонг”, стои во соопштението кое националната телевизија го пренесе во јавноста. Од таму потенцираат дека од првото учество на Бугарија до денес лиценцата за истото е зголемена за 100 насто, а освен тоа, трошоците се зголемени и за организирањето на национално ниво, како и претставувањето на земјата пред европската публика.
Подготви: Марија Поповска
