Ние и не би биле Музика24 – најчитаниот музички портал во Македонија, доколку не ги пренесуваме први и најексклузивно сите информации поврзани со македонската музика. Така беше и овој пат – по финалето на 38-то издание на „Фолк Фест Валандово“, нашата екипа, која беше присутна сите три фестивалски вечери, успеа прва и единствена да добие изјава од фолк дивата – Сузана Гавазова.
По нејзиниот настап на сцената заедно со Љупчо Ѓоргиев, Гавазова – сè уште под импресии и емоции – ексклузивно за Музика24 изјави:
„Искрено не очекував да добиеме награда, но јас почувствував уште кога ја пеевме песната на сцената дека публиката веднаш ја прифати песната, а потоа разговаравме малку и со жири-комисијата, значи, нашата песна била со гласовите изедначена. Гласовите од жири-комисијата и со гласовите од публиката. Навистина сум изненадена иако мене најголема награда ми е кога песната е прифатена од публиката, а поготово кога таа се слуша“, изјави Гавазова за Музика24. Таа меѓудрогото и ни откри дека во следните денови заедно со својот тим заедно со Љупчо – гостинот од Хрватска ќе го снимаат видеоспотот за оваа песна покрај Дојранското езеро.

А на прашањето на Музика24 како се чувствува после доделувањето на наградата, Гавазова без размислување ни одговори:
„Јас сум најсреќна…Јас изминатите денови бев на пат и викендот ми беше навистина турбулентен и сето ова ми дојде како еден шлаг на целиот тој викенд за на крајот да се почувстувам убаво и секако среќно. Нормално, јас сум среќна и задоволна од се она што се случи“, додаде Гавазова и замина да прославува со својот тим.
Подготви: Иван Јосимовски
