Во прв ред

Македонија по шести пат избира радиски хит (Фото)

Македонскиот радиски фестивал “МАРС” ќе се одржи на 26-ти ноември во Универзалната сала во Скопје. Во финалната трка се 15 најслушани песни во радиоетер за 2013 година. Финалниот избор се сведе од внимателно селектирање на највртените хитови според вкупно 45 локални и национални радиостаници ширум нашата земја.

Оваа година ќе има промени во начинот на наградување. Веќе нема да има само 1-во, 2-ро и 3-то место… сега многумина ќе добијат награди поради категоризацијата на истите. Радиски хит во Поп, Рок, Ар-ен-би стил, хит од група, хит од женски вокал, хит од машки вокал, најдобар текст на песна, балада, ѕвезда што се раѓа (најголем напредок во кариерата)… Наградата за радискиот хит изнесува 30.000 илјади денари и бесплатно користење на салата во 2014-та година исклучиво за солистички концерт, а наградата најдобар текст на песна  ја избираат новинарите од регионалните радиостаници и новинарите од интернет порталите со што за избраната песна текстописецот ќе си добие 10.000 илјади денари. Оваа година номинирани се:

  1. Тамара Тодевска – “Само сакам да”
  2. Димитар Андоновски – “Месечина”
  3. Дарко Илиевски – “Не е фер”
  4. Нокаут – “Запомни,  тоа е се што имаме”
  5. Роберт Билбилов и Дон – “Ти се промени”
  6. Слаткаристика – “Добро да е”
  7. Eye Cue и Марија – “Боби, баш ми е гајле”
  8. Tyzee – “Регетон”
  9. Бени и Нон-Стоп – “Љубов”
  10. Есма и Лозано – “Пред да се раздени”
  11. Влатко Илиевски – “Само за неа”
  12. Андријана Јаневска – “Животот е убав”
  13. Next Time – “Светот во раце”
  14. ДНК – “Што сака нека биде”
  15. Гр.Ареа – “Запознај ме”

Македонски радиски фестивал 2013Како и до сега и оваа година во ревијален дел ќе настапат реномирани имиња и ѕвезди од балканот како што се Владо Ѓеоргиев и Јелена Розга. Водители на ова неколкучасовно шоу ќе бидат Марко Марк пропознатлив по емисијата која што се емитува на Македонската телевизија “Стисни Play” и Марија Петровска која што е дел од тимот на тв магазинот “Backstage”. Директен пренос ќе се емитува на МРТВ со почеток во 20: 30 часот. Музичкиот портал Музика24 е дел од медиумите кои го подржуваат и промовираат овој голем музички настан. Проследете го овој музички настан, можеби Вашиот фаворит ќе ја понесе наградата радиски хит.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: