Премиера

„Дома“ – новата родољубива химна на Бојана Скендеровски (Фото+Видео)

Бојана Скендеровски го објави своето најново музичко дело – песната „Дома“, која претставува прв чекор од нов проект што го работи со етаблираниот македонски композитор и аранжер Николче Мицевски. Соработката ја надополнува Таско, кој заедно со Бојана го потпишува текстот на ова искрено и длабоко емотивно дело.

„Кај што сонце грее, љубов извира… Во мене желба тлее назад да се вратам пак…“.

Со овие стихови започнува „Дома“ – родољубива, современа баладa во која се испреплетуваат носталгија, љубов кон татковината и силна вокална изведба која веќе одекнува со позитивни реакции.

„Сакав да понудам поинаква музика, музика со емоции, со душа… Заедно со Николче и Таско направивме едно искрено парче музика, едно уметничко сведоштво за нашата земја“, изјави Бојана, нагласувајќи дека „Дома“ е само почетокот на нешто многу поголемо.

Песната, која веќе се појави на дигиталните платформи, е визуелно претставена преку видео реализирано од Скендеровски продукција, со Бојан Стоилковски како директор на фотографија – веќе проверен и доверлив креативец зад камерата.

Bojana Skenderovski - Doma (Official video 2025)

„Дома“ не е само песна, туку и најавата на нов албум и солистички концерт закажан за 13 декември, на кој Бојана ќе ги претстави новите песни, како и најголемите хитови од својата 23-годишна кариера. Во паралела, Скендеровски активно работи и на продолжението на успешниот проект „Македонијо во срце те носиме“, кој добива свое второ поглавје.

„Периодов сум на растргната меѓу двата проекти, но сѐ се тоа слатки маки. Едвај чекам да видите што сме подготвиле“, вели Бојана со насмевка.

Подготви: Марија Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: