Манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“ оваа година ви носи вечер исполнета со енергија, култура и спектакуларен концерт на еден од најголемите балкански ѕвезди – Саша Ковачевиќ.
Со почеток во 19:30 часот, плоштадот во Автокоманда ќе стане епицентар на добрата забава. Настанот ќе започне со изобилство од македонска музика во живо, која ќе го загрее амбиентот и ќе создаде вистинска атмосфера за дружење, уживање и танцување.

А потоа следи главниот момент – Саша Ковачевиќ, миленикот на публиката, изведувачот со милионски прегледи и хитови, ќе го преземе микрофонот и ќе приреди концерт кој долго ќе се памети. Со својот шарм и моќна интерпретација, тој ветува ноќ исполнета со емоции, хитови и неверојатна енергија.
Освен музичкиот дел, посетителите ќе имаат можност да уживаат во најдоброто од македонската гастрономија, културни изведби и разновидна понуда на локални производи.
Дали овој Петок 13-ти навистина ќе се памети?!
Подготви: Катерина Димиќ
