Ова лето, на 3-ти август, во срцето на градот Битола, на Градскиот стадион „Петар Милошевски“, ќе се случи настан од светски ранг, кој со сигурност ќе влезе во музичката и културната историја на земјава. Настапот на холандската ѕвезда Armin Van Buuren не е само уште еден концерт – тоа е мултисетилно шоу кое комбинира врвна продукција, емотивна енергија и незаборавна забава.
Оние што веќе имале можност да бидат дел од неговите настапи низ светот знаат точно за каков спектакл станува збор – перформанс што ги надминува очекувањата, со моќна визуелна поддршка и сетови кои говорат со срцето.
Организаторите порачуваат: „За нас, ова не е само концерт – ова е културен чин, настан кој ја поставува Битола на мапата на светските музички дестинации, заедно со имиња како Massive Attack и Nick Cave. Доаѓа Музичка еуфорија на Градскиот стадион во Битола – Bitola OpenAir го носи неповторливиот Armin Van Buuren – институција сам по себе!“.
Најавата доаѓа токму во пресрет на Илинденските празници, што дополнително ја зголемува симболиката и важноста на настанот. Се очекува Битола да биде преплавена со посетители од цела Македонија, како и од соседните земји – вистинска културна и туристичка „регионална инвазија“.
Bitola OpenAir започнува со стил. Се гледаме со Armin Van Buuren на 3-ти август во Битола – каде што музиката станува незаборавно искуство!
