Фестивали

Скопје Calling 2025: Дина Јашари ќе ја отвори концертната магија на Massive Attack во Скопје (Фото)

Скопје ќе блесне во магичен музички спектакл на 28-ми јуни, кога легендарната британска група Massive Attack ќе настапи на Стадионот на АРМ, во рамки на фестивалот Skopje Calling 2025. За уште поголемо задоволство на публиката, вечерта ќе ја отвори една од највпечатливите современи македонски уметници — Дина Јашари.

На прашањето: “Кој заслужува да го отвори концертот на еден од најмагичните глобални бендови на сите времиња?” — одговорот беше едногласен: Домашниот артист со најмагичен глас — Дина Јашари.

Како симбол на новиот македонски музички бран, кантавторка, продуцентка и добитничка на престижната регионална награда „Милан Младеновиќ“ (2022), Дина Јашари успешно се етаблираше како една од најавтентичните музички гласови во регионот. Нејзината хипнотична естетика, емотивна искреност и продукциска зрелост ја прават идеален избор за отворање на ваков култен музички настан.

Со Massive Attack, еден од највлијателните и најинвентивни бендови на модерната музичка историја, ова ветува да биде вечер на длабоки емоции, визуелна уметност и незаборавна енергија.

Се гледаме на 28-ми јуни на Стадион на АРМ. Не доаѓате само на концерт — доаѓате на магија.

Можеби ќе ве интересира: