Во просториите на Општина Прилеп вчера Бојан Велевски, водителот на овогодишното издание на Пиво фестивалот 2025 во Прилеп и Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп одржаа официјална прес-конференција на која ја претставија целосната програма за Пиво фестивалот во Прилеп.
Бојан Велесвски вели дека интерсно е тоа што по завршувањето на официјалната програма на Камената бина во центарот на Прилеп, забавата ќе продолжи со DJ-и кои дополнително ќе бидат договорени, а според Велевски буџетот на фестивалот изнесува 100.000 илјади евра од кои 1.000.000 денари се обезбедени од општината, а останатите 5.000.000 евра се’ обезбедени преку спонзори.
„Интересното е тоа што се враќа старо-новата програма за фестивалот, а тоа е што по завршуваето на официјалната програма на Камената бина ќе продолжи забавата со DJ-и кои дополнително ќе бидат договорени. Знам дека младите во Прилеп тоа го сакаат и навистина ми е драго што ќе го има. Буџетот за фестивалот изнесува 100.000 илјади евра, а 1.000.000 денари се од општината, додека пак другите 5.000.000 денари се обезбедени преку спонзори кои ќе бидат на бината“, вели Велевски.
Велевски додава и дека во буџетот од 100.000-те илјади евра влегува целокупната организација од штандови, обезбедување, музичките ѕведи и се останато.
„Во буџетот од 100.000 илјади евра влегуваат и ѕвездите и целокупната организација од штандови, обезбедеување и се останато. Организаторот оваа година се обиде со овие средства да обезбеди што е можно поквалитетна програма“, додава Велевски.

Борче Јовчески, градоначалникот на Прилеп вели дека градот ќе биде целосно подготвен да ги пречека љубителите на добрата музика, вкусната храна и ладното пиво, а во координација со организаторот тие како општина потпишале заеднички меморандум за соработка со организаторот на манифестацијата.
„Општина Прилеп преку програмата за култура предвиде поддршка за фестивалот од 1.000.000 денари, како потврда за континуираната поддршка што ја дава општината за реализација на оваа манифестација. Ве уверувам дека градот ќе биде целосно подготвен да ги пречека десетиците илјади посетители и љубителите на добра музика како и љубителите на вкусна храна и ладно пиво. Во координација со организаторот, со кого имаме потпишано меморандум за соработка обезбедена е одлична музичка програма, која ќе понуди незаборвна атмосфера за сите генерации,“, Вели Јовчески.
Имено, Јовчески додава и дека тие како локална самоуправа ги превземале сите мерки за обезбедеување на хигиена и паркинг места во Прилеп.
„Како локална сампоуправа ги превземаме сите неопходни мерки за обезбедување на беспрекорна хигиена, паркинг места во градот за што се грижат јавните претпријатија“, додава Јовчески.

На овогодишниот Пиво фестивал во Прилеп ќе настапат:
Петок (18.07.2025 година)
- Кристијан Демјански и Ескејп бенд
- Наташа Малинкова
- Антониа Гиговска
- Битолски камерен орекестар заедно со Наде Талевска, Андријана Јаневска и Ристо Самарџиев.
Сабота (19.07.2025 година)
- Јана Мрческа и бенд
- Група Калабалак
- Дамјан Стојановски
- Харис Џиновиќ (ѕвезда на вечерта)
Недела (20.07.2025 година)
- Екстра бенд
- Модерато бенд
- Тајзи
- Никола Роквиќ
Инаку, локацијата на одржување на фестивалот е во ценатрот на Прилеп пред филијалата на Комерцијална банка А.Д Скопје, а на штандовите ќе бидат претставени 6 пивари и тоа Прилепска пиварница, Скопска пивара, Македонско Пиво, Сараевско Пиво, како и Митос и Пеја со околу 20 видови на пиво, а викендот додека се одржува Пиво фестивалот работното време на сите угостителски објекти во Прилеп ќе биде продолжено за два часа.
Од Прилеп за Музика24: Христијан Ангелески
