Фестивалот „Златни денови“ оваа година го слави своето седмо издание – и како што ветува бројката, така и ќе биде: среќно, весело и полно со музика, љубов и енергија. Најстариот град во Македонија, магичниот Кратово, на 11-ти и 12-ти јули ќе стане центар на регионалната сцена и ќе угости децениски докажани имиња, нови музички сили и илјадници посетители од цела Македонија и пошироко.
Од поп ѕвезди, преку народни звуци до диско ритми до раните утрински часови – оваа програма е креирана со љубов, професионализам и желба сите генерации да се пронајдат во нешто свое.
- Наташа Беквалац – балканска поп икона, првпат во Кратово,
- Тајзи – македонскиот крал на урбаниот звук,
- Мартинијан Кириловски – миленикот на младата публика,
- Мерак Меаната со Анета Љумаковска, Даце, Тања Стефановска, Марјан Коцев, Адријана Кеш, Боби Павловски и многу други музички имиња, плус полноќни диско забави.
Кратово не е само дестинација – Кратово е доживување! Во текот на двата фестивалски дена, покрај главната сцена, градот ќе пулсира со жива атмосфера, улични перформанси, базари, традиционални вкусови и вистинско летно расположение. „Златни денови“ веќе е заштитен знак на кратовското лето. Од локален настан до регионална атракција, ова фестивалско издание ветува да биде најпосетено досега.
Ако сте љубител на добрата музика, дружба и вистински автентични амбиенти – 11-ти и 12-ти јули се ваши денови.
Подготви: Андреја Андреевиќ
