Балканленд

Марија Шерифовиќ: Лезбејка сум, па што? (Фото)

На вистината за сексуалната орентација на Марија Шерифовиќ, публиката во Сава Центар која била присутна да го проследи нејзиниот автобиографски документарен филм “Исповест” морала да чека еден час. Во последната сцена Марија потврдно одговорила на прашањето дали била со девојка?

“Знам дека сите дојдовте поради одговор на ова прашање. Бев со девојка! Можам да ви кажам дека е супер да се има односи со некој на кој брадата не ве боде”, рекла Шерифовиќ во последниот сегмент наречен “тајнa”. По прикажувањето на документарецот објаснила дека девојката не е присутна во Сава Центар. Марија ШерифовиќОвој проект кој е во режија на Петра Вујаница, од декемри во осум продолженија ќе се прикажува на тв Прва, Шерифовиќ подготвува книга, но и нов албум. Сакам да се реализирам и како мајка.

“Планирам да затруднам за мојот 30-ти роденден, ќе отидам во банка за сперма и таму ќе го одберам таткото”, решена е евровизиската победничка.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: