24 Ексклузивно

Ексклузивно: Елена ја загубила чантата во Шведска со се патни исправи (Фото)

Викендов Елена Велевска го помина во Шведска поточно во Трелеборг, каде што ги развесели македонците во дијаспората.

“Ова беше голема шанса да го искористам слободното време за шопинг, бидејќи сега обврските кон децата се поголеми и не ми останува време да одам подалеку по гардероба. Ги искористив двата дена за купување саботата и неделата, најмногу гардероба за децата. И за нештата да бидат повозбудливи, на заминување ја заборавив чантата во последната продавница. Откако заминавме на паркингот и ги оставивме ќесите со гардероба видов дека чантата ми ја нема. Се здрвив, најмногу поради пасошот, бидејќи од таму ќе тргневме на аеродром. Веднаш организаторот се упати во продавницата и чантата остана во последната продавница каде што пробував чизми. За среќа се беше на свое место. И ете имав уште едно незаборавно искуство со организаторите Љупчо и Снежана, од друштвото “Пелистер” во Трелеборг кои ми овозможија многу топол пречек. Наскоро ќе направиме предновогодишна семејна фотосесија и ќе презентираме дел од купената гардероба”, ексклузивно за музичкиот портал Музика24 изјави моментално најпознатата фолк пејачка во Македонија, Елена Велевска.
Елена ВелевскаПодготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: