Со огромно задоволство ја најавуваме веста што многу фанови ја чекаа: албанската поп ѕвезда Yll Limani доаѓа во Скопје со голем open air концерт на 20 август, на Стадион на АРМ. Концертот, кој го организираат Avalon International Booking во копродукција со Three60 Music, претставува прв настап на Yll Limani на голем стадион во главниот град, по две распродадени арени во Албанија и Косово.
Пејачот чие име стана синоним за современ албански поп, ќе биде придружен од десет врвни музичари, а шоуто ќе биде пропратено со светска продукција – софистициран звук, спектакуларни светла и сценографија каква што ретко се гледа во регионот.
Продажбата на влезниците започнува во среда, 23 јули, точно во 10:00 часот, онлајн на:
- www.avalonbooking.mk
- karti.com.mk – низ цела Македонија
- rave-travel.com
- kick-tick.com
Категории и цени: Партер: 1.500 денари (24,5 €), Fan Pit (ограничен број – само 2000 билети): 2.500 денари (40 €). Се очекува голема посетеност од целиот Балкан, па се советува фановите да бидат брзи и подготвени за купување уште во првите минути од пуштањето во продажба.

Со хитови како “Nuk Po Kalojka”, “E di”, “Pray” и “A ki me rrejt”, Yll Limani важи за еден од најактуелните и најхаризматични артисти на новата генерација. Скопје конечно ќе има можност да го доживее неговото сценско присуство во вистински летен, стадионски формат.
Не пропуштајте вечер што ветува музика, емоции и вистинска магија под ѕвездите!
