Викендов на платото под градската саат кула во Прилеп се одржа вториот дел од манифестацијата „200 години прилепска градска саат кула“. Филм, музика и забава за сите возрасти понуди манифестацијата „200 години прилепска градска саат кула“, а организатори на оваа доста интересна и добра манифестација се од „Јавен простор“ – Прилеп.
Изминатиов викенд за добрата музика и забава за посетителите беа задолжени од музичката група „The Doctors“ од каде велат дека им е особена чест и задоволство да учествуваат на манифестацијата. Филип Сотиров, член на групата „The Doctors“ вели дека како група се чувствуваат возбудено, се заблагодарија на поканата, а според Сотиров репертоарот за изведба е интересен.
„Се чувствуваме доста спремно и сме навистина возбудени за овој настап вечерва и се заблагодаруваме пред се’ на поканата. Репертоарот за вечерва е доста интересен и ќе ги забавува и старата и новата генерација на посетители. Сакаме да приредиме добра забава во која сите ќе уживаат и се разбира да имаат убаво расположение“, вели Сотиров.
Имено, настапот на „The Doctors“ на платото пред градскиот саат на манифестацијата „200 години прилепска градска саат кула“ навистина беше прекрасен и сите посетители уживаа во истиот. „The Doctors“ на настапот генерално пред публиката се претсатви со едни од најголемите и најпознати хитови на групите: Нокаут, Сашо Гигов-Гиш и Архангел од македонски и Red hot chill peppers, Nirvana, Sting, The Beatles и Bruno Mars oд странските, но сепак големи светски музички ѕвезди.
Групата „The Doctors“ е во состав на Марко Стојаноски (гитара), Ѓорги Петкоски (бас гитара), Вилијам Спиркоски (тапани), Филип Сотиров (гитара) и Сергеј Попоски (вокал), меѓутоа на настапот имаа музилки гости, а тоа беа Ивана Стојкоска (гитара) и Марија Наумоска (вокал) кои навистина беа одлилни за време на три часовниот музички настап на „The Doctors“.
Инаку, во недела на 31-ви август 2025 година продолжува т.е ќе се одржи третиот дел од манифестацијата посветена на 200 години од изградбата на прилепската градска саат кула која до ден денес е симбол на градот под Марковите кули – Прилеп и е гордост на секој прилепчанец.
За Музика24.мк од Прилеп: Христијан Ангелески
