Во прв ред

Жаре Бербер, Милица Павловиќ и ди-џеј Тодороф – музички спектакл на плоштадот во Неготино!

Градскиот плоштад во Неготино повторно ќе биде центарот на музичката еуфорија – традиционалната „Неготинска музичка вечер“ оваа година на 19-ти септември ќе донесе вистински спектакл што ветува да ги задоволи сите вкусови.

Општина Неготино и годинава се потруди да ангажира врвни естрадни уметници, кои ќе создадат атмосфера за паметење. И ако минатите години плоштадот беше исполнет до последно место, оваа година не очекува ништо помалку – напротив, уште поголема публика и уште повеќе возбуда.

Вечерта ќе започне со настап на шармантниот Жаре бербер, чија харизма и препознатлив стил секогаш ја освојуваат публиката. По него, на сцената се искачува атрактивната и секогаш енергична Милица Павловиќ, која важи за една од најпопуларните пејачки на регионалната сцена. Со нејзините хитови и енергичен настап, плоштадот ќе се претвори во огромна концертна сала под отворено небо. А за финале, ноќта ќе продолжи во клуберски дух со ритмовите на ди-џеј Тодороф, кој ќе ја држи публиката на нозе до доцна во ноќта.

Зад микрофонот како водител ќе застане Стефан Лазаров.

Општина Неготино упатува јавна покана до сите граѓани – не само од Неготино, туку и од соседните општини и цела Македонија. Влезот е слободен, музиката е загарантирана, а добрата енергија веќе се чувствува во воздухот.

Ова ќе биде вечер што нема да сакате да ја пропуштите – музика, емоции и незаборавна забава под отворено небо!

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: