Како што ексклузивно дознава музичкиот портал Музика24, на радост на љубителите на фолк музиката, на 26-ти ноември во Скопје ќе се одржи новото 26-то по ред издание на популарниот музички фестивал „Роса Фолк Фест“. Овој фестивал, кој со години претставува симбол на фолк-забавата во Македонија, и оваа година ќе понуди богата музичка програма и неповторлива атмосфера.
Публиката ќе има можност да ужива во настапите на познати македонски музички имиња од фолк сцената, кои подготвуваат нови песни – но и добро познати хитови што веќе се дел од народното музичко наследство.
Како и досега, фестивалот ќе биде ревијален, а на репертоарот ќе се најдат различни жанровски насоки: од весели свадбарски песни, преку емотивни љубовни балади и патриотски композиции, па сѐ до тамбурашки и тажни песни кои ги будат најискрените емоции.
Со својата долга традиција и препознатливост, „Роса Фолк Фест“ и годинава ќе биде место каде што ќе се спојат музиката, традицијата и забавата во едно – празник за душата и срцето.
Текстот го подготви: Андреа Андреевиќ
