Во прв ред

Берово подготвено за незаборавна вечер: „Владимирска културна есен“ со Ленче Кукиќ и Ранко Рангелов на 11-ти октомври во Владимирово

Како што дознава музичкиот портал Музика24.мк, на 11-ти октомври 2025 година (сабота), во организација на Културниот центар „Горан Алачки“, ќе се одржи големата културна манифестација „Владимирска културна есен“.

Оваа есенска празнична вечер ќе ја одбележи неколкучасовен концерт на познатата македонска пејачка Ленче Кукиќ и харизматичниот хуморист Ранко Рангелов, кој воедно ќе биде и водител на вечерта. Настанот ќе се случи во фестивалската сала „Ванчо Чавдарски“ во Владимирово, со почеток точно во 19:00 часот. Публиката ќе има можност да ужива во најубавите изведби на Ленче Кукиќ, позната по својот автентичен вокал и репертоар од македонски народни и забавни песни, како и во хуморот, духовитите настапи и ведрината на Ранко Рангелов.

Со својата комбинација на музика и хумор, манифестацијата ветува вечер исполнета со многу смеа, емоции и вистинска македонска традиција, која долго ќе се прераскажува и ќе остане запаметена меѓу љубителите на културните настани во Берово и пошироко.

Картите за концертот веќе се веќе пуштени во продажба и може да се набават на следните продажни места:

  • ВИВА НЕТ – Берово
  • МАКАДАМ – Владимирово

Цената на билетот изнесува 600 денари.

Организаторите најавуваат вистинско празнично уживање за сите генерации и ги покануваат сите љубители на музиката и добриот хумор да бидат дел од овој уникатен културен настан.

Текстот го подготви: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: