Музика на кирилица

Македонскиот битбоксер Буцо ќе не претставува на “И јас имам талент” (Видео)

Мартин Атанасовски или познат како Буцо со битбокс ќе ја претстави Македонија на српското талент шоу “И јас имам талент” кое ќе се одржува во Србија, Белград. Како што дознава Музика24, аудициите се веќе следниот месец, односно во почетокот на следната 2014-та година. Инаку Буцо за прв пат го видовме на големиот концерт на Слаткар кој што се одржа на втори ноември во арената “Борис Трајковски” за кој што во брзо време ќе излезе и ДВД изданието од истиот. Освен тоа, младиот битбоксер оваа година имаше и свој настап на “Пиволенд”, кој што се одржа на Скопското кале.

Во продолжение, Ви предлагаме да погледнете едно од мноштвото видеа каде што настапува Буцо, односно, станува збор за веќе споменатиот настап на овогодинешниот “Пиволенд”.

Подготви: Маринела Каранфилоска

Можеби ќе ве интересира: