Во прв ред

Jala Brat и Buba Corelli со спектакуларен старт на „Goat Tour“ – Скопје ќе гори на 29 ноември!

Регионалните хип-хоп легенди Jala Brat и Buba Corelli го избраа токму главниот град на Македонија за старт на својата најголема европска авантура – „Goat Tour“. И ако судиме според ветувањата, ова нема да биде само концерт… туку експлозија на звук, светлина и енергија што ќе се памети долго!

Во Спортскиот центар „Јане Сандански“, Jala и Buba ќе донесат дел од својата урбана империја, полна со хитови што ги пеат цели балкански клубови. Од „Klinka“ до „Benga po snijegu“ – сет листата ќе биде микс од најдоброто што некогаш излегло од нивната лабораторија за хитови.

„Посебна чест ни е што турнејата ја почнуваме токму од Скопје. Очекувајте нешто големо, нешто наше – и нешто што ќе ви ја разниша душата!“, најавуваат Jala и Buba.

Зад сцената стои продукцискиот тим на Скајмјузик, кој ветува дека Скопје ќе се претвори во мини Лас Вегас – со моќен звук, светлосен спектакл и сценографија што ќе ги помести границите на регионалните концерти. Билетите веќе се достапни на wayin.mk по цени од 1000 до 2000 денари, а вратите ќе се отворат во 19:30 часот. Настанот стартува во 21:00 – и од тој момент, нема назад.

Подгответе се за GOAT моментот на годината –Jala Brat & Buba Corelli – GOAT TOUR, 29 ноември, СЦ „Јане Сандански“. Еден град. Една ноќ. Едно урбано лудило!

Текстот го подготви: Андреа Андреевиќ

Можеби ќе ве интересира: