Вечерва сите патишта водат кон градот каде што има најдобра и најлуда забава, градот каде што постои најдоброто место за Вас и Вашето друштво – Градот Штип и Angels Cafe. По селекцијата и изборот, вечерва во Angels Cafe ќе се одржи финалето од манифестацијата “DJ ShowDown”.
Во финалето имаше место за само четворица DJ-и од Македонија, кои од присутната публика во Angels добија громогласни аплаузи.
Од таму велат дека принципот за одредување на победникот останува ист и за финалето. Ќе победи оној што ќе има најгромогласен аплауз. За наградата од 20.000 илјади денари ќе се борат: DJ La Frantic, DJ Vasile, DJ Borce Panov и DJ Zoki Poki. Додека македонските DJ-и ќе се борат за награда од 20.000 илјади денари, Вие, публиката, бесплатно како впрочем и секогаш во Angels cafe ќе добиете луда, незаборавна, откачена и дооолга забава во најлудото и најдобро место во Штип.
Музичкиот портал Музика24 како медиумски покровител на овој голем настан навремено ќе Ве извести за исходот од вечерашното натпреварување. А доколку сакате да бидете дел и лично да учествувате во најголемата забава овој викенд, своето место резервирајте го на мобилен: 078/409-203.
Подготви: Марија Поповска
