Премиера

Eye Cue со нов сингл и видеоспот на англиски – „Pay the Price“ (Видео)

Eye Cue – дуото составено од Бојан и Марија го продолжува својот интернационален музички пат со нова песна на англиски јазик, насловена „Pay the Price“. Со својот препознатлив стил и хармонична хемија, тие уште еднаш успеаја да создадат песна која спојува емоција, хумор и секојдневна реалност.

Музиката и аранжманот се целосно дело на Бојан, додека текстот е ко-авторство на Марија, Бојан и нивната редовна соработничка од Лондон, со која веќе подолг период работат на своите англиски изданија.

„Pay the Price“ ја опишува динамиката на едно модерно партнерство – мали расправии, љубовни компромиси и духовити ситуации кои ги обојуваат деновите на секој пар што живее заедно. Песната е истовремено искрена и забавна, со препознатлива доза шарм и топлина.

Pay The Price

Записот е реализиран во Лондон, во студиото каде што дуото твори во последните неколку години. За продукцијата, Бојан и Марија повторно соработуваа со ко-продуценти од Шведска и Италија, со кои веќе имаат развиено успешна креативна синергија.

Со „Pay the Price“, Бојан и Марија уште еднаш ја потврдуваат својата умешност да создаваат современ поп-звук со меѓународен сјај, додека остануваат верни на искрените човечки приказни кои секој може да ги препознае во своето секојдневие.

Текстот го подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: