Синоќешниот концерт на Цеца во Велес се претвори во скандал и навреда кон македонскиот народ. Во моментот кога пејачката се појави завиткана во бугарско знаме, салата „Гемиџии“ експлодираше од свирежи, револт и извиците „УА!“.
Но наместо да покаже почит кон сопствениот народ, пратечкиот вокал Мики Секуловски – роден Велешанец – гестикулираше кон публиката да молчи! На видеата што кружат на социјалните мрежи, јасно се гледа како тој со раце сигнализира „тишина“, обидувајќи се да ја замолчи реакцијата на своите сограѓани додека Цеца гордо стои под бугарското знаме. Македонците го доживеаја тоа како втор удар по достоинството – не само од Цеца, туку и од човек кој потекнува од нивниот град.
„Срамота!“, „Предавство!“, „Како не го заболе за Велес!“ – се само дел од коментарите што го преплавија интернетот вчера вечер. Наместо ноќ на музика, концертот заврши со празна гордост и горчлива тишина, додека револтот од Велес одекнува низ цела Македонија.
