Ина Многу фина остро реагираше на социјалните мрежи по повод гостувањата на Цеца, која неколку пати годишно настапува низ Македонија со концерти финансирани од општински и спонзорски пари.
Реакцијата доаѓа по скандалот што се случи вчера вечер на концертот во Велес, кога Цеца, пред целата публика, го бакна и си го наметна бугарското знаме. Потегот предизвика шок, свирежи и негодување кај присутните, а снимките за кусо време се проширија низ социјалните мрежи.
Во својата објава, Ина напиша:
„Цеца што е неколку пати годишно кај нас да собере пари што од општини, што од спонзори, плус карти е сè што треба да знаете за евтиниот популизам и фејк патриотизам што го шприцаат селачиштата што ги отековме од пари и концерти наспроти домашните пејачи. “Jako волим Македонију” , ок госпоѓо, ајде натака е“, пишува Ина.

Нејзиниот став за кусо време се прошири и доби голема поддршка. Дел од јавноста оцени дека Инa ја кажала гласно вистината што многумина ја премолчуваат дека патриотизмот не се покажува со знаме и бакнежи пред камера, туку со почит и искрен однос кон земјата и нејзините луѓе.
